Петгодишната Џинан и нејзиното братче Абдула чија фотографија се прошири масовно по социјалните мрежи, по земјотресот кој разурана голем број домови во Турција и Срија, сега е во болница со сериозна повреда на ногата, а нејзиниот брат има само гребнатини, но другите членови на нивното семејство починаа.

Фотографијата на која малата Џинан се обидува да го заштити своето братче додека лежат потиснати под урнатините на нивниот дом масовно беше шерувана по земјотресот, а приказната зад оваа фотографија, како и мачниот процесот на спасување го пренесува „Гардијан“.

Омар Рахал слушна глас што доаѓаше од урнатините, толку слаб што се бореше да разбере дали можеби е само во неговата глава. Претходната ноќ, два земјотреси со јачина од 7,8 и 7,6 степени го израмнија неговото село Харем во провинцијата Идлиб во Сирија, контролирана од бунтовниците, срамнувајќи со земја десетици згради, вклучително и станбениот блок во кој живееше неговиот братучед Махмуд со неговата сопруга и нивните седум деца.

Неколку часа подоцна, Рахал, началникот на локалната полиција, влетал во урнатините на куќата со надеж дека ќе ги најде живи Махмуд и неговото семејство. Цело утро не слушаше знаци на живот, но во 12.30 часот неговите уши забележаа пет зборови изговорени од она што звучеше како мало девојче:

„Извади ме одовде“

Неколку метри под врвот на купот отпад, заглавена меѓу бетон, лежеше петгодишната ќерка на Махмуд, Џинан, заедно со нејзиниот деветмесечен брат Абдула, кого го тешеше под урнатините. До нив, закопано покрај остатоците од нејзината куќа, беше телото на нивната мајка Суаад. Рахал можеше да ја види само нејзината рака, со која изгледаше како да се обидува да ги прегрне своите деца за да ги заштити.

Рахал се обидел да ги ослободи, но сфатил дека не може сам. Така тој ги снимил двете заробени деца и снимката ја испратил до колегите од полицијата, барајќи од нив да интервенираат. Видеото брзо отскокна од еден телефон на друг, напуштајќи ги границите на Сирија и стана вирално, вкупно околу 5 милиони часа гледање само на Твитер и стана симбол на трагедијата во Идлиб.

Моите луѓе пристигнаа веднаш и ми помогнаа да го извлечам малиот Абдула, кој за среќа имаше само неколку мали гребнатинки“, изјави Рахал за Гардијан. „Но, проблемот беше Џинан. Беше прикована со бетонска плоча и ѝ беше набиена железна прачка низ ногата“.

Спасувачките напори во Идлиб, кој остана главно затворен од надворешниот свет два дена по земјотресот, беа забавени поради недостигот на машини и помош, при што луѓето беа принудени да ги извлекуваат саканите со голи раце.

„За да го подигнеме бетонскиот блок што го попречуваше, користевме дигалка, онаа за кревање автомобили кога треба да смените гума“, рече Рахал. “Успеа. Но, Џинан сè уште имаше таа железна прачка заглавена во нејзината нога. Мораше да се пресече“.

Спасувачите се обиделе да ја исечат прачката со дебело челично сечило додека Џинан плачела од болка. За работите да бидат покомплицирани, последователните потреси повторно го потресоа селото. Она малку што остана да стои од зградите почна да се урива.

„Ве молам! Извадете ме одовде“, ги молеше Џинан мажите.

Немаше време за губење. „Немавме избор“, рече Рахал. „Ризикувавме да умреме и да го изгубиме и детето. Затоа решивме да го направиме она што никогаш не го сакавме – да ја извлечеме Џинан додека нејзината нога сè уште беше делумно набиена на шипката“.

Околу 2 часот наутро во вторникот, по речиси 22 часа под урнатините, Џинан со врескање беше извлечена.

Една недела по спасувањето, Гардијан ги посети Џинан и нејзиниот помал брат во болница претворена од поранешно училиште каде што се лекуваа повредените деца од Харем. Абдула спиеше завиткан во волнено ќебе додека Џинан лежеше, сè уште со болки, на креветот.

„Раната на нејзината нога е многу сериозна“, рече нејзиниот лекар Ваџих ал-Карат. „Џинан можеби никогаш повеќе нема да оди како порано, нема да лажам. Ако раната не се подобри, би можеле да бидеме принудени да и ја ампутираме ногата“.

По објавувањето на видеото, некои медиуми погрешно објавија дека таткото на Џинан е сè уште жив. За жал, тоа не е случај. „Џинан и Абулах се единствените што останаа живи во семејството“, рече Рахал во солзи. Двете деца се доверени на нивниот правујко и неговата сопруга.

Џинан и нејзиниот брат се меѓу невидениот број деца без родители од земјотресот во Идлиб. Бројот на загинати од земјотресот во Сирија се искачи над 3.580, бидејќи официјалните лица за помош на ОН бараат поголем пристап до помошта до северозападниот дел на земјата, контролиран од бунтовниците.

„Тоа е трагедија“, рече Карат со низок глас. „Џинан знае дека останала сама со нејзиниот брат. Но, гледате дека и овие деца овде, до креветот на Џинан, сите се сираци. А мнозинството се уште се прашуваат каде се нивните родители и кога ќе дојдат да ги запознаат. Прво, сакаме да се однесуваме добро со нив. Тогаш, во одреден момент, ќе бидеме принудени да им кажеме дека и тие останале сирачиња“.