Холивудската актерка Лили Џејмс за влакно избегна незгода во зелен фустан со длабоко деколте додека позираше на лондонската премиера на нејзиниот нов филм What’s Love Got To Do With It? (What’s Love Got to Do With It?), каде се чини дека покажа повеќе отколку што планираше.

Лили (33) се појави на црвениот тепих со Шазад Латиф и изгледаше одлично расположено, иако најголем дел од своето внимание мораше да го насочи на своите облини, кои за малку ќе испаднеа од нејзиниот припиен фустан.

Ова е нејзино прво појавување во јавноста откако беше објавено дека раскинала со своето момче Мајкл Шуман, со кој била две години.

Лили пред една година привлече големо внимание со трансформацијата во Памела Андерсон, која ја отелотвори во серијата „Pam & Tommy“ и во која сними експлицитни сцени со Себастијан Стен.

Актерката го привлече вниманието и со аферата со оженетиот актер Доминик Вест, со кој папараците ја снимија во Рим. Изби голем скандал, а иако се шпекулираше дека Вест поради тоа ќе ја остави сопругата, парот се уште е заедно и, како што велат, се посреќни од било кога.

👀

👀

👀

👀