На олимпискиот шампион во уметничко лизгање Роман Костомаров (45) му биле ампутирани двете раце, откако претходно ги загубил нозете, објави Еуроспорт, пренесува рускиот весник „Комсомолскаја правда“.
Еден од најпознатите руски лизгачи на почетокот на годината беше примен на одделението за интензивна нега, каде што беше ставен на механичка поддршка поради тешка пневмонија по коронавирусот. Поради гангрена, морало да се ампутираат нозете.
Ткивото во неговите стапала најпрво се умртвило поради нарушувања на циркулацијата, а сега му се ампутирани двете раце, за да се спречи ширење на бактерии и смрт на други делови од телото, пренесува Еуроспорт.
Костомаров, кој сега има 45 години, освои златен медал на Зимските олимписки игри 2006 во Торино заедно со Татјана Навка. Заедно со неа двапати го освои Светското првенство и три пати Европското првенство.
Покрај Татјана Навка, во пар настапи и со Ана Семеновиќ и Екатерина Давидова.
Be the first to write a comment.