Страшни вести доаѓаат од светот на фудбалот. Репрезентативецот на Камерун и фудбалер на францускиот прволигаш Нант, Игнатиус Ганаго го погоди страшна трагедија во семејството.

Имено, како што јавуваат медиумите, Ганаго доживеа страшна семејна трагедија, неговата петгодишна ќерка ненадејно почина.

Трагичната вест ја потврди и неговиот клуб, а Ганаго доби слободни денови да отпатува во татковината.

– Клубот е во жалост. Многу мислиме на вас и со вас сме низ оваа страшно искушение – објави Нант на Твитер.