











Чедомир Јовановиќ, лидерот на српската ЛДП, вечерва е приведен и одреден му е 48 часовен притвор, јавуваат медиумите. Според информации, Јовановиќ е приведен поради напад на адвокатот Немања Алексиќ од Нови Сад.
– Како што дознаваме, тој го нападнал во центарот на Белград, по што бил приведен, објавија српските медиуми.






Во консултација со Обвинителството му е одредена мерка притвор од 48 часа по апсењето.
Be the first to write a comment.