Многу нејаснотии за починатиот маж и тешко повредена жена кои беа пронајдени по пад од зграда. „Филип замина во трагедија што не е сфатлива и никогаш нема да биде разбрана, ќе живееш во нас.“
Со ваква порака членовите на музичкиот бенд „Undone“ и неговите пријатели преку социјалните мрежи се простуваат од четириесет и сегумгодишниот Филип Митров, кој почина по пад од зграда во неделата околу пладне….
Трагедијата, и по два дена, останува мистерија… Се уште не се знае дали станува збор за несреќен случај или Филип, и според првичните информации, неговата триесет и деветгодишната девојка, која се уште е во тешка состојба во болница, сами се фрлиле од зградата.
Повреденета, која инаку е пејачка во бендот „Бернајс пропаганда“, според болнички извори, се уште не е освестена од повредите, но официјална информација за нејзината состојба од Карил нема.
Падот бил од петти кат. Просторот околу зградата не е пристапен, па и екипите на Итната медицинска помош имале проблем да стигнат до повредената..Надлежните се надеваат дека таа ќе се разбуди од кома и ќе им каже што точно се случило во неделата.
Станарите од истата зграда, што ги пресретнавме не сакаа да говорат пред камера, но зад неа велат дека за случувањата чуле од медиумите.
Во меѓувреме, од Јавното обвинителство за Канал 5 информираат дека обвинител е известен за настанот и ги дал сите потребни насоки и наредби за истражување на околностите за случајот.
Јавното обвинителство ќе постапува само доколку се утврдат елементи на кривично дело, велат оттаму..
📸
📸
📸
Be the first to write a comment.