Келнерка во кафуле во Босански Брод (Република Српска, БиХ) и уште едно лице се уапсени под сомнение дека од споменатиот објект украле 3.500 конвертибилни марки (околу 1.800 евра), а потоа го лажирале грабежот, објавија тамошните медиуми.
Полициската управа соопшти дека тие се осомничени дека на 7-ми февруари од угостителски објект украле околу 1.800 евра.
– Тоа го направиле на тој начин што Л.С. вработената во споменатиот објект му овозможила на А.Г. да влезе во внатрешноста и да украде пари, по што лажирале дека ја провалил влезната врата – објаснуваат од Полициската управа Добој.
Дел од украдените пари се пронајдени и одземени. За се’ е известено Окружното јавно обвинителство Добој.
Be the first to write a comment.