Обожавателите на актерката Џансу Дере, која е најпозната по улогата на Ејшан во серијата „Езел“, се загрижени за неа откако некои локални медиуми објавија дека исчезнала по страшниот земјотрес.

Се вели дека нејзината куќа е во епицентарот на земјотресот. Следбениците се особено загрижени поради тоа што таа не се огласила на социјалните мрежи.

Сепак, новинарот Бирсен Алтунтас објави дека Џансу е една од познатите личности кои соработуваат со Дизни Плус и Фокс за да им помогнат на граѓаните кои живеат во областите погодени од земјотресот.

Но, оваа вест не ги смири фановите кои сметаат дека е невозможно таа да не проговори јавно по земјотресот и да ги увери дека е добро.

За потсетување, бројот на жртвите во Турција сега ги надминува 31.643 загинати во земјотресот во 1939 година, објави Управата за катастрофи и вонредни состојби, што го прави најлошиот земјотрес во модерната историја на Турција.

Вкупниот број на загинати во Сирија, земја погодена од повеќе од една деценија граѓанска војна, достигна 5.714, вклучувајќи ги и загинатите во бунтовничките енклави и областите под контрола на владата.