IN MEMORIAM Миле Спасев – Мафија. Ги известуваме сите наши припадници и симпатизери дека денеска почина наш бивши припадник, Командир во една од четите на вториот батаљон ВЕЧНА ТИ СЛАВА !, објавено е на ФБ страната Македонски Лавови.

Оние што го познаваа ќе го паметат како расположен, позитивен, комуникативен, голем патриот и хуманист. Човек кој ги сакаше луѓето, а и тие него.

Спасев беше еден од првите членови на ЛАВОВИТЕ, беше командант на Овчеполската чета. Во едно неодамнешно интервју рече дека секогаш ќе се сеќава на својата патриотска задача и завет во конфликтот 2001 година кога се жртвуваше за својата држава.

За својот придонес, во конфликтот и покажаната храброст, многу пати е наградуван и пофалуван. Затоа, Миле беше и ценет и почитуван во сите средини.

Треба да се истакне дека Миле Спасев беше фанатик и во спортот, особено на Брегалница. Беше и член на потесното раководство на Брегалница, кога живееше во Штип.

Придонесот на Миле Спасев за развојот на спортот и фудбалот во Штип е голем. Неговата поддршка, и помошта на спортските екипи се паметат.