Шеснаесет месечното дете со хематом на главата, скршеници на градите и по телото е на интензивна нега на Клиниката за детска хирургија во Скопје.
Директорката на Клиниката, Славица Литајковска, за Канал 5 вели дека во моментот е во стабилна состојба, но го чека операција на левата надлактица, закажана за денеска.
-Има скршеница на левата надлактица и закажана е операција за утре. Има скршеници на градите и постојано ја следиме неговата состојба. Направени се сите иследувања, како комјутерски снимања, така и сите потребни прегледи. На интензивна нега е, вели директорката Литајковска.
Детето завчера претпладне првично било примено во болницата Св. Еразмо во Охрид, но подоцна е пренесено во скопската детска хирургија. Од охридската болница случајот веднаш го пријавиле во полиција, а од МВР велат дека работат на расчистување на случајот.
„На 12.02.2023 околу 11.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека во болницата „Св.Еразмо“ со тешки телесни повреди било донесено 16-месечно дете од Струга. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.“, соопшти МВР.
Be the first to write a comment.