Дваесет и осумгодишниот фудбалер на АЕК, кој е на позајмица во Зорја, Олег Данченко, доживеа троен срцев удар на подготовките на украинскиот прволигаш.

Го спасила брзата реакција на докторите. Данченко колабирал на тренинг во Турција, а го спасиле австриски лекари кои биле во близина и имале дефибрилатор.

Срцето му застанало трипати, бил клинички мртов, но лекарите успеале да ја стабилизираат неговата состојба.