Двете лица кои паднаа од зграда во центарот на Скопје се позната скопска двојка, јавија повеќе македонски медиуми

Министерството за внатрешни работи ја потврди информацијата дека денеска во 12.57 часот во СВР Скопје било пријавено оти пред зграда на булеварот „Климент Охридски“ биле пронајдени паднати Ф.М. (47) и К.Г. (39), двајцата од Скопје.

„Лекар од Итна медицинска помош кај Ф.М. констатирал смрт, а К.Г. со тешки телесни повреди била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош. Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

МВР настанот не го класифицираат како обид за двојно самоубиство и очекуваат да се подобри состојбата на девојката, пишува „Нова ТВ“.

„Слободен печат“ повикиувајќи се на информациите на социјалните мрежи јавува дека жената што се бори за живот е познатата пејачка Кристина Горовска, вокалистка на култната македонска група „Бернејс пропаганда“, а дека починатиот е Филип Митров, еден од највозбудливите протагонисти на македонската културна и уметничка сцена.