Популарниот турски актер Чагдаш Чанкаја и неговата сопруга, познатата пејачка Зилан Тигрис загинаа во земјотресот во Турција.

Веста ја потвдија турските медиуми, кои пишуваат дека се пронајдени под рушевините на деветокатницата во Дијарбекир. Спасувачите со часови слушале галсови и повици за помош, но кога конечно ги пронашле тие веќе биле починати од хипотермија.

– Нашиот колега Чагдаш Чанкаја и неговата сопруга музичар Зилан Тигрис ги загубија животите. Многу ни е жал. Наше сочувство до сите. На сите негови фанови им посакуваме трпение, се вели во соопштението од Синдикатот на актерите.

📸

Загината под урнатините беше и познатата турска глумица Емел Атичи, која имаше епизодна улога во серијата „Горка земја“ . Таа загина во катастрофалниот земјотрес во Турција, во градот Адана, а покрај неа беше пронајдено и телото на нејзината ќерка Ханде.