Внимавјте од каде купувате ракија – со ваква порака семејство од Скопје се обрати во Канал 5.
Нивниот татко и сопруг по конзумирање на ракија која има висока концетрација на метил алкохол или метанол која му направила тешки последици од паѓање во несвест со претходни вибрации во вратот и силни болки во главата завршил на клиниката за Токсикологија.
Ракијата која во народот е позната како: шпиртовача или брзосмртка најчесто се наоѓа по пазарите велат од семејството.
Од Клиниката за токсикологија велат дека ваквата ракија е многу опасна. Таа изгледа како секоја друга ракија по вкус и мирис но навистина е отров и може да биде и опасна по живот, објаснува токсикологот Андон Чибишев.
Она што е особено важно според токсикологот е лицата кои конзумираат ваква ракија и имале проблеми да пријават до надлежните.
Од Агенцијата за храна и ветеринарство велат дека на почетокот од оваа година пристигнала една преставка од граѓанин за продожба на ваква ракија и дека се постапува за случајот. Но апелираат граѓаните да пријават вакви небезбедни производи и да не ги пијат.
Be the first to write a comment.