Агенцијата со управување со катастрофи и вонредни состојби на Турција (АФАД) соопшти за нов земјотрес кој се случи во 20 часот и 20 минути по локално турско време, односно 18 часот и 20 минути по македонско време.
Последен во низата е земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала кој се случи во 20.20 часот во областа Антакија во Хатај. Длабочината на земјотресот е измерена на 7 километри.
Бројката на загинати достигна 26.000
Бројот на загинатите во силниот земјотрес што во понеделникот ја погоди Турција се зголеми на 22.327, соопшти турскиот министер за здравство Фахретин Коџа.
Тој наведе дека бројот на повредени достигна 80.278, јавува Anadolu Agency. „Гардијан“ претходно објави дека во Сирија загинале 3.553 лица, со што вкупниот број на жртви од земјотресот во двете земји достигна 26.000.
Be the first to write a comment.