Вчера во 10.20 часот во СВР Битола е пријавено дека во село Крушеани, Општина Кривогаштани настанал пожар во куќа, сопственост на Ц.П.(43), лице со здравствени проблеми, во кој целосно е опожарен инвентарот во куќата и кровната конструкција.
При увидот, во една просторија пронајдено е безживотно изгорено тело.
Пожарот е изгаснат од противпожарните единици од Битола и од Кривогаштани.
За настанот е известен Јавен обвинител по чија наредба телото е предадено за обдукција.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на ОВР-Прилеп.
Be the first to write a comment.