Во средата попладне во грчкиот град Волос избила жестока караница меѓу двајца сопружници, каде 40-годишниот маж отишол до таму што ја претепал 39-годишната сопруга удирајќи ја во главата затоа што се… здебелила.
39-годишната ја известила полицијата и се пожалила дека сопругот вулгарно ја навредувал за нејзината тежина, ја нарекол „бескорисна“ и жестоко ја тепал.
Таа во нервоза го скршила телевизорот, а потоа насилникот ја турнал поради што изгубила рамнотежа и паднала на подот. Но, пред таа да стане, тој ја фатил за глава и постојано ја удирал од подот!
40-годишникот беше уапсен и во четвртокот беше предаден на судење пред Тричлениот прекршочен суд во Волос, каде што ги отфрли обвиненијата тврдејќи дека се работи за обична караница.
Неговата сопруга изјавила дека посакува работата да се реши вонсудски, па предложено е решение со судска медијација. Така, судењето е одложено за следниот четврток, додека 40-годишникот е пуштен на слобода.
Be the first to write a comment.