Вечева на барање на Основното Јавно Обвинителство во Скопје, од страна на припадници на МВР беше извршен повеќечасовен претрес во домот на Марјан Стаменковски кој во јавноста е познат како сопственик и уредник ( како што пишуваат медиумите ) на порталот ДоказМ. Претресот трае(ше) повеќе часови и како што може неофицијално да се дознае целата постапка е покрената по пријави на граѓани до ОЈО од Скопје.
– Како што неофицијално може да се дознае во станот на Стаменковски во скопската населба Влае биле пронајдени поголемо количество евра ( се шпекулира дека се работи за сума од околу сто илјади евра )!?, објави порталот ВО ЦЕНТАР на новинарот Васко Ефтов.
Инаку, целата постапка почнала по пријава на повеќе граѓани за објавени текстови со наводна ксенофобична и слична содржина, но тоа сепак треба да се докаже во истрагата и во судската постапка.
На Стаменковски, како што се шпекулира, ми биле одземени мобилниот или мобилните телефони, како и неговиот лаптоп кои како што може да се слушне ќе бидат предмет на вештачење.
– До нашиот портал “свиркачи” доставија некои фотографии кои наводно ги покажуваат средствата кој се најдени во домот на новинарот, но во овој момент не можеме со стопроцентна сигурност да ја потврдиме автентичноста на тие фотографии, објави ВО ЦЕНТАР.
За сите дополнителни информации ќе ве информираме во текот на вечерта или во текот на утрешниот ден.
Be the first to write a comment.