Тешка кражба во вредност од 100 илјади евра, извршена утрото на 22 јуни 2017 во селото Арангел, Кичево. Жртва на оваа кражба било семејството Адили. Домаќинот вели дека крадците влегле преку објектот каде што чуваат храна за стоката, потоа преку терасата и излегле преку прозорецот на приземје, објави телевиизја 21.
„На 22 јуни 2017, во 9.30-10.30, бев со тракторот на поле, жената беше во другата куќа, дојде тука и почна да ја коси тревата, ја слушна портата во моментот кога излегуваа, виде две лица со црни маски, со ракавици и црни кеси, како излегуваат од портата, ги виде добро, само што го поминаа ѕидот ги тргнаа маските и ракавиците и продолжија пешки надолу. Такси Бела ги чекаше на 200 метри подолу до крајот на улицата и потоа влегоа во такси и продолжија кон Кичево“, вели Сафет Адили.
Ова семејство се подготвуваше за свадба, затоа дома им било златото и парите, кои како што велат, биле 15 илјади евра и 2700 швајцарски франци.
„По еден месец имавме свадба на синот, се беше организирано, имавме , имав евра и швајцарски франци, имав злато за двете невести и за големиот син и за малиот, се ми зедоа, вредност околу 100 илјади евра“, додаде Сафет Адил.
Иако домаќинката во изјавата пред полицијата рекла дека ги видела сторителите на кражбата, предметот во обвинителство се води како тешка кражба со непознати сторители.
„Крим техничарите ги зедоа сите анализи, во првиот случај, кога завршија процедурите го застанав инспекторот Генчо Лазаров и го прашав што мисли, ми рече крадецот ви е во дворот. За кого мисли не сака да даде детали бидејќи полицијата знае“, посочи Сафет Адили.
Од 2017 до 2021 не е направено ништо во врска со расчистување на случајот затоа во 2021 Адили почнал да бара одговори.
„Од тогаш ниту ме викнале во полиција ни во обвинителство, овој случај со еден збор, е организиран од полицијата, крадците и судот“, додава Сафет Адили.
Од полицијата ни соопштија дека материјалот земен на денот на кражбата е предаден на Основното обвинителство Кичево. Од таму за ТВ21 изјавија дека предметот во 2017 година бил формиран во Основното обвинителство Гостивар. Со измената на Законот за судовите и со промената на надлежноста, предметот е на надлежно постапување до Основното обвинителство Кичево како обвинител со проширена надлежност и се одвива како предмет против непознат сторител.
„На местото не беа пронајдени никакви материјални докази кои би укажале на можниот сторител на кривичното дело. По приемот на предметот од страна на ОЈО Кичево се преземени повеќе истражни дејствија со сослушување на оштетениот и повеќе сведоци, а со цел да се открие сторител на кривичното дело. Со оглед да до денес не е откриен сторителот на кривичното дело се уште се преземаат истражни дејствија со пронаоѓање на нови докази и сослушување на сведоци. По претставка на оштетениот Сафет Адили предметот со сите списи беше доставен на увид во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и во Вишото јавно обвинителство Гостивар“, велат ЈО Кичево.
Оштетениот Сафет Адили вели дека предметот е вратен во Кичево, обвинителката на предметот му рекол дека во неговиот предмет немало ниеден документ туку само празна папка.
figure>
Be the first to write a comment.