Лошиот квалитет на градбите во комбинација со многуте Рихтери ја донесе катастрофалната трагедија во Турција.
„Земјотресот не ги погоди сите згради со ист интензитет. Ова го видовме во многу области во светот кои беа погодени од земјотреси со поголема јачина. Земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтер бил плиток и блиску до темелите на зградите. Станува збор за згради со недоволна антисеизмичка заштита“.
Овие изјави ги дава професорот по антисеизмичка заштита, Панајотис Каридис, објаснувајќи за грчките медиуми дека има објекти кои ги исполнуваат условите и можат да издржат земјотреси со толку голема јачина.
Ширењето на енергијата и сеизмичките бранови, во комбинација со условите на земјата, беа главните причини за уривање на илјадници згради во Турција и Сирија, при што досега загинаа повеќе од 5.000 луѓе, а трагичниот биланс постојано расте.
Како што објасни професорот Каридис, лошиот квалитет на градбите во комбинација со многуте Рихтери, многу блиску до темелите на зградите, донело до трагичен резултат во Турција.
„Не се виновни само зградите, во овие случаи се виновни и главните карактеристики на земјотресот. Во овој случај, земјотресот беше и на мала длабочина, со што сите згради претрпеа оштетувања, само што се чини дека антисеизмичките конструкции издржаа и не се урнати во оваа фаза.“ објаснува професорот по антисеизмичка заштита и додава:
„За некако да го оправдаме ваквото однесување на зградите, треба да кажеме дека не е виновна само нивната лоша градба и тоа што не ги исполнуваат антисеизмичките правила при нивната изградба. Ако ги погледнете видеата од областа или фотографиите ќе забележите дека сите згради или паднале или стоеле се слични една на друга. Виновен е процесот на ширење на енергијата и сеизмичките бранови, длабочината на земјотресот, големината и времетраењето“.
Be the first to write a comment.