Френк Хугербетс од Харлем во Холандија предизвика големо внимание во јавноста по големиот земјотрес што ја погоди Турција, бидејќи на 3 февруари на Твитер објави дека земјата ќе ја погоди земјотрес со јачина од 7,5 степени.

На социјалната мрежа тој најави дека природна катастрофа ќе се случи во југоцентралниот дел на Турција во близина на Сирија, Либан и Јордан.

Хугербетс повторно објави, овој пат на Фејсбук, каде напиша дека може да има силна сеизмичка активност во наредните денови.

„Најверојатно околу 8 февруари, најверојатно со магнитуда 6. Постои мала можност за голем сеизмолошки настан. Последователните потреси ќе продолжат во централна Турција и би можеле да достигнат јачина од 5 до 6 степени“, напиша тој.

Хугербетс ја „предвиде“ катастрофата во Турција. Оваа земја ја погоди земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала. Според последните информации, загинале повеќе од 5.000 луѓе. Тој изјави дека своето мислење во однос на Турција го искажува врз основа на движењето на планетите.

Според последните информации, повеќе од 20.000 луѓе се повредени во страшниот земјотрес кој ја погоди и Сирија. Во Турција беа урнати повеќе од 6.000 згради. СЗО, исто така, проценува дека околу 23 милиони луѓе во Турција и Сирија се директно загрозени од земјотресот.

Во Турција е прогласена тримесечна вонредна состојба во 10 градови и региони најпогодени од земјотресот.