











Угледниот доктор од ВМА кој е осомничен дека во средата брутално ја претепал сопругата во нивниот семеен дом во Земун, одреден му е притвор од 30 дена поради насилство во семејството и тоа поради три причини.
Според обвинението лекарот од почетокот на јануари до почетокот на февруари вршел семејно насилство, шутирајќи ја со нозе и удирајќи ја по главата и целото тело, удирајќи ја со предмети подобни за тешки повреди, давејќи ја со кабел, кубејќи ја, упатувајќи и закани , понижувајќи ја, навредувајќи ја, при што и нанел повеќе повреди по главата, нозете, вратот, трупот и рацете, при што и биле скршени четири ребра како и левата лактична коска, а повреди кои се квалификуваат како тешки телесни повреди, стои во извештајот на обвинителството.






Веста дека познатиот 48-годишен доктор Никола Остојиќ, потполковник вработен како хирург во Воено-медицинската академија во Белград, со дршка од пиштол ја претепал сопругата И.О. ја вознемири целата јавност во регионот. Нивните соседи во Земун сведочат дека се изненадени од пријавеното семејно насилство. Претходно немале слушнато никаква врева од посоченото „место на злосторот“.
Не очекував дека таков човек со авторитет, на функција, би можел да си ја тепа жената. Малку се арогантни, не се дружат со никого во населбата, раскажува еден од комшиите.






Друг, пак, надополнува дека делувале како да имаат хармоничен брак. Живееле на ниво, имале вила и возеле добри автомобили. Им ги отворив и профилите на социјалните мрежи. Гледам многу заеднички фотографии на кои се гушнати, делуваат како идеална двојка. Очигледно љубовта им цветала за јавност, а домот им бил пекол “, коментира еден „твитерџија“.
Осомничениот доктор e изведен на распит пред Обвинителството во Белград за кривичното дело семејно насилство. Српските медиуми јавија дека кај оштетената биле констатирани тешки физички повреди-скршеница на четири ребра, надлактица и хематоми.
Бил болно љубоморен, мислел дека сопругата го изневерува со колега
Додека полицијата ги истражува сите детали, се појавуваат страшни детали. Пријателка на претепаната за медиумите изјави дека се уште не може да поверува што се случило со ова семејство.






Таа се сомнева, како што вели за Српски телеграф, дека причина за бруталното однесување кон нејзината пријателка е болната љубомора.
– Не сме се виделе извесно време, но она што го знам и она што таа ми го кажа претходно е дека имале хармонична врска која трае со години. Како и во секој брак, имаше проблеми, но тие секогаш се решаваа мирно без некои поголеми конфликти. Овој пат како што слушнав мислел дека го изневерува со колега и тогаш почнал да ја тепа. Таа се обидела да му објасни дека тоа не е вистина, но како да влегол некој ѓавол во него. Не ѝ веруваше и не можеше да престане да ја малтретира, секој ден правеше сè полоши работи – објаснила пријателка на претепаната за српски Телеграф.






– Беше една од попозитивните луѓе што ги познавам, секогаш весела и насмеана, а пред се семејна жена која беше спремна да направи се за својот сопруг. Сигурна сум дека не направила ниту една грешка во бракот, туку дека монструмот си измислил се во неговата глава. Слушнав дека по страшните сцени таа целосно се повлече во себе и не излегува од дома поради срам. Мислам само на оние деца кои поминаа низ сето тоа заедно со неа. Немам срце да и се јавам за да не и пречам – заклучила пријателката.
„Престанала да оди на фризер“
Сосетка наведува дека претепаната во последно време наводно престанала да оди во фризерски салон.






-Ја знам како многу добра личност. Таа секогаш беше пријатна. Слушнав дека ја малтретирал поради љубомора, а тоа некако ми има смисла, бидејќи во последно време ја немам видено во фризерскиот салон каде што се запознавме, па постои можност да не 1 дозволувал да ја среди косата, изјавила сосетката.
Го избришала насилникот од социјалните мрежи
Откако претепаната била пуштена од болница на домашно лекување, решила целосно да го избрише сопругот од својот живот. Најпрво таа наводно го заклучила својот профил на Инстаграм, а потоа го избришала сопругот од пријателите и сите фотографии.






Be the first to write a comment.