Бугарски државјани кои утрово тргнаа кон Скопје за да се поклонат на гробот на великанот Гоце Делчев, засега не можат да влезат во државата. Им било кажано дека е паднат системот на граничниот премин Деве Баир.
Револтирани, Бугарите имаа во план да ја придружуваат својата владина делегација која официјално најави дека денеска ќе дојде предводена од министерот за внатрешни работи Иван Демирџиев.
Станува збор за стотина бугарски државјани.
На границата е тензично, и како што може да се види од видеотот, тие со висок тон и со навреди се расправаат со македонската гранична полиција.
– Си го продадовте името на Грција за 5 стотинки – им рече еден од нив на македфонските полицајци.
Бугарските граѓани тврдат дека се пропуштаат патници од другата страна на границата.
ВИДЕОТО МОЖЕТЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА…
Be the first to write a comment.