Дани Алвеш е во притвор откако беше обвинет за силување на 23-годишна девојка. Таа тврди дека познатиот фудбалер ја силувал во ноќен клуб во Барселона на 30 декември.
Менување на приказната
Алвеш дури три пати ја менуваше изјавата, а сите негови верзии на приказната беа демантирани од камерата, па на крајот тој беше приведен и одбиена кауција.
Бразилецот после тоа го смени адвокатскиот тим и ова може да биде клучен потег за да ја докаже својата слобода. Снимката од камерата би можела да го спаси. Шпанскиот Ел Периодико, кој го следи овој случај, пишува дека се појавиле нови снимки кои според адвокатите на Алвеш негираат се за што 23-годишната девојка го обвинува.
На новото видео наводно се гледа како девојката влегла во тоалет по Алвеш и дека никој не ја присилил на тоа, додека таа тврди дека Бразилецот насилно ја внел во тоалет, а потоа ја силувал. Адвокатите на Алвеш веруваат дека новите докази целосно ја менуваат приказната и дека девојката била неконзистентна и ги искривувала настаните од таа ноќ.
Тие тврдат дека снимките и фотографиите што ги имаат радикално ја демантираат верзијата на жртвата и не покажуваат настан кој бил обвиен со „терор, страв или доминација“ како што го опишале нејзините адвокати, но и самата таа во изјавите што ги дала. Адвокатскиот тим на Бразилецот ја доведува во прашање верзијата на приказната дадена од девојката, а исто така негираат дека имало сексуален напад.
Немало присилба?
Според нив, на видеото од клубот јасно се гледа дека девојката и нејзините пријателки никогаш не биле во „опасно друштво“ и во друштво на луѓе кои застрашувале. На видеото наводно се гледа дека сите заедно се забавувале, а од говорот на телото се гледа дека никој не почувствувал никаков страв.
– На видеото се гледа како Дани Алвеш отишол лево и влегол во тоалетот. Две минути подоцна, по разговорот со две пријателки и келнерот, тужителката сама оди во истиот тоалет и влегува без Алвеш да и даде дозвола или да ја отвори вратата. Сликите зборуваат сами за себе – тврдат адвокатите на Алвеш.
Претходно, 23-годишната девојка изјави дека Алвеш ја принудил да влезе со него во тоалет без нејзина дозвола, што новите докази јасно го отфрлаат. Доколку се докаже дека Бразилецот ја силувал девојката, му се заканува затворска казна до 15 години.
Be the first to write a comment.