Портпаролката на Итна помош во Велес, др Васе Поп Стефанова Панова потврди за Дума.мк дека велешанецот З.Т се самоубил.
„Во 17:45 часот лекар со медицинска екипа влегле во станот на улица „Андон Шурков“ бр. 27/2 и ја констатирале смртта на лицето З.Т. Тој имал прострелна рана во главата нанесена од пиштол“, додаде др Поп Стефанова Панова.
Дежурниот лекар др Марјан Мишев, ја констатираше смртта која кај починатиот маж настанала со пукање во главата и нанесување на прострелна рана во пределот на слепоочницата од пиштол, од десна кон лева страна.
Драмата што денеска се случуваше во Велес започна утринава кога сега веќе починатиот маж ја натепал девојката а потоа пукал во неа. Потоа избегал по што полицијата го бараше и го лоцираше во станот на неговите родители, поточно на татко му.
Скоро половина ден низ Велес се ширеа информации за голема полициската акција во која вклучена беше и специјална полициска единица за да го открие и лиши од слобода човекот кој утрово прво ја натепал а потоа со огнено оружје пукал нанесувајќи и прострелни рани, во пределот на стокакот, на 25 годишната девојка во Велес.
„Рафали од истрели силно одекнаа утрово, околу 7 часот, на улицата „Андон Шурков“, им дојавија читатели на Дума.мк на новинарите.
Повредената девојка беше пренесена во Клинички центар во Скопје.
Според полициски извори, тој беше лоциран во зграда во близина на Средношколскиот дом „Лазар Лазаревски“. Дел од граѓаните соопштија дека станува збор за штотуку излезениот од затвор З.Т (38) од Велес.
„Полициската единица ја опколи зградата. Блокиран е целиот дел составен од комплекс на згради и има индивидуални куќи. во акцијата, фрли шок бомби и солзавец во станот“, изјавуваа велешани кои беа случајни минувачи или соседи и ја следеа полициската акција.
Дел од комплексот на згради на улицата беше затворен за сообраќај и минувачи.
Велешанецот не и се предаде на полицијата. Според последните информации, кои не се потврдени од СВР Велес, тој се самоубил.
Триесет и осум годишниот З.Т одлежа 13 годишна казна затвор за убиство на својот брат. Убиството во Велес се случи пред околу 15 години во семејната куќа на улица „Љубљанска“ во Велес. Тогаш го застрела братот.
Батали.нет дознава дека се работи за 38-годишниот Зоран Тодоровски, кој на крајот на 2008 година го уби својот брат и беше осуден на 13 годишна затворска казна.
Be the first to write a comment.