Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот надворешни работи Бујар Османи и Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килиан Вал, денеска го посетија полицискиот центар Ѓорче Петров во Скопје, каде ја следеа показна вежба на припадниците на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ и Единицата за службени кучиња К9 при МВР.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски оцени дека соработката помеѓу Министерството за внатрешни, Министерството за надворешни работи и ОБСЕ е од особена важност и дека таа соработка придонесува за зајакнување на професионализацијата и успешно завршување на работите на организациските единици.
„Тука е проектот во однос на намалување на ризикот од злоупотреба на мало и лесно оружје преку кој се реализирани активности во вредност од преку еден милион евра и тоа во области во надградба на инфраструктурата на Министерството за внатрешни работи преку градежни рбаоти, подобрување на мобилноста на министерството со 14 специјализирани возила, подобрување на ИТ инфраструктура, обуки, како и ангажирани на меѓународни и домашни експерти“, изјави Спасовски.
Тој додаде дека денешните вежби и презентации покажале оти средствата и ресурсите вложени во капацитетите на Министерството за внатрешни работи се значајни, бидејќи го зајакнуваат капацитетот на организациските единици во предизвиците кои се однесуваат на борбата против организираниот криминал и тероризмот.
Османи, кој присуствуваше како преседавач на ОБСЕ, истакна дека државата има многу бенефитите од Организацијата во повеќе области.
– Ние имаме повеќе причини зошто ова претседавање го почнуваме со посета на теренска мисија, теренските мисии се во фокусот на нашето преседавање како земја во која е најстарата мисија на ОБСЕ, ние најдобро знаеме што значи ОБСЕ на терен и сметаме дека имаме кредибилитет да ја искористиме таа улога и функција на терен на целиот регион на ОБСЕ. Втората причина е фактот што токму спопската мисија е најстарата, односно првата отворен мисија на ОБСЕ пред 30 години и имав можност денеска да се заблагодарам на сите мажи и жени во ОБСЕ кои што се ангажирани во сите фази на развој оваа држава придонесувајќи не само во поттикнување на реформската агенда туку пред се помагајќи на луѓето, рече Османи.
Османи најави дека по настанот ќе замине за Тетово каде ќе има ОБСЕ мониторинг и ќе оствари средба со младите кои се дел од повеќејазичната обука, но пред се и се дел од заложбите за справувањето со говорот на омраза и во делот на социјалната кохезија помеѓу различните етнички заедници.
Амбасадорот Килиан Вал оцени дека државата моментално се соочува со голем успех, но дека тој успех е и на ОБСЕ и на нејзината мисија, поосчувајќи дека приоритети за државата остануваат прашањата поврзани со борбата против корупцијата и образовните реформи.
📸
📸
📸
📸
📸
📸
📸
📸
📸
📸
📸
📸
📸
📸
📸
📸
📸
📸
Be the first to write a comment.