ТЕЛМА дознава: Судот и обвинителството ги одмрзнаа 12-те милиони евра со кои е купено казиното во Мериот
Според информации на Телма, денеска станала правосилна одлуката за одмрзнување на парите кои австриска фирма којашто поседува казино во Гевгелија ги платила за купување на казиното во хотел Мериот.
12 милиони евра биле уплатени на фирмата Дивелоп груп која е номинален сопственик на хотелот Мериот во декември, а по отворена истрага на финансиско разузнавање и на обвинителството парите биле замрзнати. По проверката на легалноста на уплатените пари, обвинителството се откажало и дозволило одмрзнување на парите, дознава Телма.
Според централниот регистар, една третина (32,5%) од Дивелоп груп е во сопственост на фирмата Бест веј која пак е во сопственост на Јордан Мијалков, синот на Сашо Мијалков. Според соопштение на обвинителството од јули 2022-ра кога беше направена спогодбата со Мијалков за случајот Империја, семејството Мијалков има удел во Дивелоп од 46 % со проценета вредност од 3.546.778 евра.
Повеќе информации во утрешните информативни изданија.
Be the first to write a comment.