Почина легендарниот Живко Дуковски, кој ќе остане запаметен како основач на „Златниот гонг“ и тренер кој создаде врвни боксерски имиња со кои освојуваа медали на Европските и Светските првенства, но и на Олимпијадите.
Дуковски на само 19 години ги изненади сите на Државното првенство на Југославија кога стигна до финалето, каде што беше поразен од Миодраг Љубомировиќ, но ќе остане запаметен по освојувањето на првиот боксерски медал за Македонија во 1957 година.
Дуковски, исто така, е основач на „Златниот гонг“, а исто така како тренер има создадено врвни боксерски имиња, како што се Самоиловски, Неџат Мемети, Азиз Салуху, Руждија Калач, Василев, Реџепагиќ.
Легендата на македонскиот бокс работеше и со Аце Русевски и Реџеп Реџеповски, кои стигнаа до бронзени медали на Олимпијадите, додека со Калач го подготви Вели Мумин да освои две бронзи на европските првенства.
Be the first to write a comment.