Во село на Алјаска поларна мечка нападнала и убила жена и нејзиниот едногодишен син, а случаен минувач пукал и ја усмртил мечката.
Ваквите фатални напади се многу ретки, а овој се случи во изолирана крајбрежна заедница на Беринговиот теснец, на која не му е непознат соживотот со поларните мечки, пренесува Voice of America.
Како и многу оддалечени села во Алјаска, оваа заедница од околу 150 луѓе организира патроли кога се очекува мечките да се спуштат во градот, што обично се случува од јули до почетокот на ноември, пред да се формира мразот кога мечките ќе почнат да ловат фоки.
Im sure many of you have heard about the recent polar bear attack in Wales, AK.
Please consider in sharing and/or donating to help my friend’s family lay their loved ones to rest. 🙏🏽♥️https://t.co/oBreYkEdSr— MP (@michellexpi) January 19, 2023
Затоа, овој напад е невообичаен, бидејќи поларните мечки обично се далеку на мразот во овој период од годината, а не во близина на селата.
Џеф Јорк од здружението за заштита на поларни мечки, кој има децениско искуство во проучувањето на животните, вели дека деновиве можел сосема мирно да шета низ местото без никакви средства за заштита мечки, бидејќи мисли дека е безбеден во текот на зимата.
Нејасно е дали нападот е поврзан со климатските промени, но е во согласност со она што се очекува, со тоа што Арктикот продолжува да се загрева четири пати повеќе од остатокот од Земјата, менувајќи го екосистемот на начини кои сè уште не се целосно разбрани, рече Јорк. јавува Гласот на Америка.
Тој додаде дека поларните мечки се на врвот на синџирот на исхрана и ги гледаат луѓето како извор на храна.
За разлика од кафените или црните мечки, поларните мечки не ја поминуваат зимата во хибернација. Само женките влегуваат во снежните дувла бидејќи очекуваат младенчиња, додека сите други поларни мечки се надвор, обично на морскиот мраз каде што нивниот плен е достапен во текот на целата година.
Последната фатална средба меѓу поларна мечка и човек на Алјаска се случила во 1990 година.
Be the first to write a comment.