На натпреварот меѓу САД и Бахреин од главната рунда на СП во Малме, се случи несекојдневен и шокантен потег.
Американскиот репрезентативец Пол Скорупа го фаулираше Хусеин Ал Сајад, а константниот фаул го заврши со гризање на раката на противникот.
Судиите во прв момент не го видоа тоа, но по реакциите прегледуваа снимка и на Скорупа му доделија и црвен и син картон, што ќе значи дополнителна суспензија за неспортскиот потег.
Што се однесува до резултатот, Бахреин победи со 32:27. Во продолжение погледнете го шокантниот потег.
Be the first to write a comment.