Четириесетгодишната Ана Ускова, адвокатка од Санкт Петербург, трагично го загуби животот кога пред очите на своите деца на Богојавление Водици скокнала во дупка во замрзната река и не испливала назад.

Споменатата трагедија се случила во средата на реката Одрез, јужно од Санкт Петербург, кога Ана пред скокот се прекрстила и скокнала во отворената дупка во мразот, а силната речна струја ја однела.

На видеото кое беше објавено се гледа како Ана во црн едноделен костим за капење се крсти пред да скокне во реката.

Нејзиниот 10-годишен син и 14-годишната ќерка ги гледале нејзините последни моменти од животот пред да исчезне под мразот.

Нејзините две деца врескале додека струјата ја влечела нивната мајка под силниот мраз на замрзнатата река.

📸

📸

📸