Вечерва нешто пред 20 часот се случи тешка сообраќајна несреќа на излезот од Сомбор кон Бездан во соседна Србија. На излезот од Сомбор кон Бездан е пронајден и уапсен возачот, кој со автомобил покосил дете кое починало на лице место.

Според очевидци, полицијата прво го пронашла автомобилот, а недолго потоа бил идентификуван и уапсен возачот.

Како што дознава телеграф.рс, се работи за 22-годишен жител на Бездан, но се уште не се знае дали бил под дејство на алкохол или некоја друга супстанца.

Истрагата е во тек, а полицијата изврши увид на лице место. Според првите информации зад воланот на автомобилот бил А.Г. додека загинатото момче било на велосипед и има 14 години.