Три недели по убиството на српката студентка Ивана Кривокапиќ, која на 24 декември беше пронајдена мртва во стан на Звездара, истрагата е насочена против нејзиниот дечко Јетмир Г.
Се сомнева дека ја задушил од љубомора, а потоа истиот ден со автобус ја напуштил Србија. Тој се обидел да го отстрани сомнежот од себе и ја оплакувал смртта на својата девојка на социјалните мрежи, но на крајот убиецот бил откриен врз основа на трага која пропуштил да ја отстрани, пишува Блиц.рс.
Се сомнева дека Јетмир Г. го одзел животот на Ивана К., со која бил во емотивна врска, во периодот од 00:37 до 5:30 часот на 23.12.2022 година. Според обвинителството, тој ја убил девојката од љубомора.
– Сите расположливи траги се обезбедени, а споредувањето и натамошната анализа ќе бидат предмет на следните вештачења – соопшти обвинителството.
Како што се сомневаат, тој кобниот ден дошол во станот на Ивана на Звездара, каде што престојувал од 11 декември 2022 година и се скарал со неа.
Потоа физички ја нападнал и почнал со раце да ѝ ги стега устата и носот додека не ја задушил. Потоа го заклучил станот и со себе го зел клучот, соопшти обвинителството.
ДНК-та го откри
Од самиот почеток се шпекулираше дека убиецот добро ја познава Ивана и дека таа го пуштила во нејзиниот стан. Девојката со денови не одговарала, а нејзините братучеди решиле да отидат кај неа и да видат што се случува. Потоа ја скршиле вратата од станот и го нашле безживотното девојче со подигната блуза, спуштени панталони, како и со видливи повреди на вратот.
Подоцна беше објавено дека биле забележани повреди и на јаболчниците на прстите, што укажува на тоа дека девојката се степала со насилникот.
Пред да дознаат надлежните дека Јетмир е осомничен за убиството на Ивана, се чекаа резултатите од одредени вештачења. По резултатите, сите сомнежи паднаа на Јетмир.
Како што објавија медиумите, под ноктите на убиената девојка била пронајдена ДНК на убиецот. Иако Јетмир се обидел да ги „отстрани“ трагите и да го отстрани сомнежот од себе, токму оваа биолошка трага го издала.
Се претпоставува дека истиот ден со автобус ја напуштил територијата на Србија. Обвинителството му предложи на судот да биде приведен Јетмир Г. и да нареди да се распише потерница по него.
Тој се товари за кривично дело тешко убиство од основни мотиви (љубомора), за кое е предвидена казна од најмалку 10 години или доживотен затвор. Како што претходно објавија медиумите, Јетмир Г. е Албанец од Црна Гора, па најверојатно отишол таму.
Јетмир го привлече вниманието на јавноста токму по смртта на Ивана, кога случајот беше обвиен со мистерија. Секојдневно објавуваше тажни пораки, но и заеднички фотографии со Ивана.
Се претпоставува дека тоа била неговата тактика да биде помалку сомнителен во очите на јавноста. Откако беше објавено дека тој е осомничениот убиец, Јетмир ги избриша сите фотографии и објави поврзани со несреќната девојка.
Случајот со убиството на младата девојка ја потресе јавноста во регионот. Ивана е погребана во родното место Ловќенац.
Be the first to write a comment.