Редици автомобили со родители и деца пред детската болница „Козле“. Најмладата популација е најранлива и во моментов капацитетите се исполнети до последно место. Секое дете кое е хоспитализирано е тестирано на Ковид-19 за да бидат сместени во соодветна просторија. Во моментов има 2 деца кои се Ковид позитивни, додека на кислородна поддршка се десет деца. Загадениот воздух само ги потенцира респираторните симптоми, но преовладува клиничката слика на грип, велат докторите.
НАЈЧЕСТО ОНИЕ КОИ ДОАЃААТ ВО АМБУЛАНТСКИТЕ ПРОСТОРИИ СЕ СО ГОРНОРЕСПИРАТОРНА КЛИНИЧКА СИМПТОМАТОЛОГИЈА, НАЈЧЕСТО ИМААТ ПОКАЧЕНА ТЕМПЕРАТУРА ПОРАДИ КОЈА РОДИТЕЛИТЕ ГИ НОСАТ ДЕЧИЊАТА, КАКО И КАШЛИЦА. НО, НЕ СЕ РЕТКИ И ДОЛНОРЕСПИРАТОРНИТЕ ИНФЕКЦИИ, ПНЕУМОНИИТЕ И ОПСТРУКТИВНИТЕ БРОНХИТИ, ПОРАДИ КОИ ДЕЛ ОД ПАЦИЕНТИТЕ ГИ ХОСПИТАЛИЗИРАМЕ, ВЕЛИ Д-Р ЕЛЕНА ЃИНОВСКА – ТАСЕВСКА, ПЕДИЈАТАР ВО ЈЗУ ИНСТИТУТ КОЗЛЕ.
Расте бројот и на респираторни инфекции кај возрасните и се случува да има по сто прегледи во една смена, велат матичните лекари.
ПОЧНУВА ДА ДОМИНИРА ИНФЛУЕНЦАТА КОЈА ПРЕТХОДНИВЕ ДВЕ ГОДИНИ ПОРАДИ МАСКИТЕ ЈА СПРЕЧИВМЕ, НАРОДСКИ КАЖАНО ГРИПОТ, НО И КОВИДОТ Е СЕ УШТЕ ТУКА, ПА БРОЈОТ НА КОВИД ПОЗИТИВНИ РАСТЕ. ПРОБЛЕМИТЕ ВО ДВЕТЕ СИТУАЦИИ Е ШТО КОВИД ПАЦИЕНТИТЕ НЕ САКААТ ДА СЕ ТЕСТИРААТ, СЕ ТЕСТИРААТ НА БРЗИ ТЕСТОВИ, ПРИКРИВААТ СИМПТОМАТОЛОГИЈА И ТУКА ИМАМЕ ПРОБЛЕМИ ДА ДИЈАГНОСТИЦИРАМЕ ДАЛИ СТАНУВА ЗБОР ЗА КОВИД ИЛИ ГРИП БИДЕЈЌИ СИМПТОМИТЕ МЕЃУ СЕБЕ СЕ ПРЕКЛОПУВААТ. ИМАМЕ АПЕЛ ДО ГРАЃАНИТЕ АКО СТЕ БОЛНИ, НАСТИНАТИ ИМАТЕ ТЕМПЕРАТУРА И КАШЛАТЕ НЕ ОДЕТЕ НА ПРОСЛАВИ, НЕ ОДЕТЕ НА ГОСТИ ЗАТОА ШТО НЕ САМО ШТО ГО ЗАГРОЗУВАТЕ СВОЕТО ЗДРАВЈЕ И ЈА ВЛОШУВАТЕ ВАШАТА КЛИНИЧКА СЛИКА, ТУКУ ШИРИТЕ ИНФЕКЦИЈА И КОН ОСТАНАТИТЕ ЛУЃЕ, ВЕЛИ Д-Р ДРАГАН ЃОРЃИЕВСКИ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЗЛОМ–СМ.
Над илјада нови случаи на Ковид-19 во изминатите 24 часа се регистрирани во Србија. Седум лица починале како последица на инфекција со коронавирус.
Светската здравствена организација предупреди дека новиот сој на Омикрон XBB.1.5. наречен „Кракен“, кој веќе ја зафаќа Америка е најзаразната подваријанта на Ковид до сега. Во меѓувреме и Европската унија донесе препорака до сите земји членки да ги тестираат патниците кои доаѓаат од Кина, но не успеа да договори задолжително тестирање на коронавирус.
Be the first to write a comment.