Познатата поранешна тенисерка Мартина Навратилова боледува од рак.
Навратилова е особено позната по одличните настапи на Вимблдон, има 66 години и моментално се бори со два типа на рак.
Како што пренесуваат светските медиуми, Навратилова боледува од рак на дојка и грлото, а болеста и е дијагностицирана во ноември.
Потоа отишла на лекар на преглед за грутка во вратот кога и кажале дека ракот на дојката и се вратил после 13 години.
„Оваа двојна болест е сериозна, но ситуацијата е флексибилна и се надевам на позитивен исход. Ќе ми биде тешко уште некое време, но што да правам, ќе се борам додека имам сила“, изјавија поранешна американско-чешка тенисерка.
Be the first to write a comment.