Здравствената состојба на Џанлука Вијали (58) се влоши, поради шти легендата на италијанскиот фудбал е примен на клиника во Лондон, објавија утрово италијанските медиуми.
– Ова е многу деликатен момент за семејството Вијали. Неговата 87-годишна мајка синоќа заминала од Италија за Лондон за да биде покрај нејзиниот син, објавија медиумите.
Пред неколку дена легендарниот Вијали објави дека повеќе нема да работи со репрезентацијата, каде што му беше помошник на селекторот Роберто Манчини. Причина за таа одлука е добиениот лекарски извештај. За жал, му се вратил ракот на панкреасот и ќе му треба многу сила и енергија за да се бори против него.
Првпат му беше дијагностициран рак на панкреасот во 2017 година, а три години подоцна ја прослави победата во битката против него. Но, болеста му се вратила и лекарите го советувале да ги остави сите професионални обврски и да се фокусира исклучиво на третманите што го очекуваат.
Be the first to write a comment.