Дојави за поставени бомби освен во Министерството за надворешни работи и Градскиот трговски центар, пристигнале и до Џевахир сити, ТЦ Ист гејт и до неколку средни училишта во Скопје, како и едно основно училиште во Кавадарци.
Според нашите информации, сите станари од кулите А и Б во Џевахир, кои во тој период се нашле дома, се излезени надвор пред зградите.
– Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите, се вели во соопштението од МВР.
Дојава за бомба денеска околу 08:20 часот, пристигнала и во Полициска станица Кавадарци, каде како што информираат од МВР, било пријавено дека на електронска адреса на едно основно училиште во Кавадарци е упатена закана за поставена експлозивна нaправа.
– Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштето и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.
Екипи на МВР веќе се на терен и преземаат активности за проверка на објектите.
Be the first to write a comment.