Денеска на пладне се отвора најголемиот шопинг центар во источна Македонија, Штип Сити Мол преку целодневна програма, за сите возрасти и вкусови. За најмладите посетители ќе се погрижат: Стела и Сани, хорот на Златно Славејче и аниматори и акробати, додека, пак, за возрасната публика, на денот на отворањето свој настап ќе имаат: DJ Goldie, Мина Блажев, како и дуото Дац и Александар.
Овој шопинг центар, кој ќе биде најголем и најмодерен трговски центар во овој регион, се очекува да биде двигател на економијата и ќе има значителен допринос во економско-трговски развој на градот Штип и целиот источен регион, кој опфаќа повеќе од 250 000 жители. Трговскиот центар се простира на површина од 12.780м², со околу 30 закупци, распоредени на 5 нивоа. Ќе нуди голем број на локални и светски познати брендови на едно место, богати забавни содржини, хотел, ресторан, кафуле, брза храна, текстил, козметика, игротека, книжара, бела техника и многу повеќе.
Лоциран е на една од најатрактивните точки во градот Штип, на самиот негов влез, Штип Сити Мол, заедно со хотелот и аква паркот, ќе ја збогати понудата на забавни и шопинг содржини, привлекувајќи огромен број на посетители од сите возрасти, не само од регионот, туку и од целата држава.
Од самиот почеток објектот интензивно се градеше за да биде готов во што е можно покус рок, соопшти на промоцијата на трговскиот центар Гоце Југов, проект менаџер на Штип Сити Мол. Инвестицијата досега изнесува 10,5 милиони евра и очекуваме да биде завршена со 12 милиони евра во предвидениот рок. Во изградбата на овој центар интензивно работеа од 100 до 150 луѓе секојдневно, а по отворањето дополнително ќе придонесе и за околу 300 до 400 нови директни и индиректни вработувања, велат од ДИК Фагус, компанија инвеститор на шопинг-центарот.
Be the first to write a comment.