Синоќа во скопската населба Козле се случи тешка сообраќајна несреќа во која загина младо момче на скутер. Неофицијално, во сообраќајката учествувале мотоциклистот и два автомобила „цитроен“ и „мини купер“. Според сѐ уште непотврдени информации, жртвата е тинејџер, момче на возраст од 15-16 години.
Брза помош веднаш интервенирала, но не успеале да го спасат момчето, чиј идентитет и точна возраст не е позната.
Повеќе детали за оваа трагедија се очекуваат во текот на денот.
Be the first to write a comment.