52 години затвор за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот ја разбранија јавноста. Заслужено или драконски казни изрече Кривичниот суд за тројцата тепачи на Тот на кој од ударите му престана работата на срцето и престана да дише? 4 години за убиство со нож, а 18 години за убиство со клоци. Колку се праведни и фер одлуките на Кривичниот суд?, анализира телевизија Алфа.
За истото дело, убиство претходно слична казна доби и Анѓела Ѓорѓиевска која е соизвршител во убиството на 26 годишниот Пино Секондо. 19 години затворска казна за Ѓорѓиевска беше изречена и при повтореното судење откако Скопска апелација го врати на повторно одлучување. За разлика од негодувањето и лутината на убијците на Денис Тот, 23-годишната Анѓела Ѓорѓиевска тогаш пресудата ја слушна без емоции. Убиецот Али Фуркан со кого соработувала Анѓела се уште е во бегство.
Бесим Беља и Скендер Демири за убиството на 19-годишниот Никола Саздовски на свиреп начин беа осудени на 19 годишна затворска казна. Судот тогаш ги задолжи осудените да им платат поединечно на сите членови на семејството на убиениот Саздовски по околу 15 илјади евра за секого, за нематеријална штета и душевна болка.
7-години по крадењето велосипед, се реконструираше и крвничкото убиство на Ангел Петковски на кејот на реката Вардар во Ѓорче Петров. Со првостепената пресуда, тогаш Насер Ештрефи беше прогласен за виновен со пресудата од 6 јули 2015 година и доби 14 години затворска казна. Врховниот суд ја укина пресудата против Ештрефи, со образложение дека во повтореното судење ќе треба да се проверат динамиката и редоследот на случувањата кои му претходеле на убиството на 18-годинишникот. Во повтореното судење, казната на убиецот на Петковски беше 13 години затвор. Случајот со убиството на матурантот Петковски ја разгоре јавноста и жителите на населбата Ѓорче Петров кои излегоа на протести во 2014-та година.
Протести се организираа и поради ниската казна од само три години за убиецот на 17-годишниот Никола Христовски. На деветнаесетгодишниот кој го прободе со нож Христовски, му се судеше за делото убиство во миг за што законски предвидената казна е од 1 до 5 години затвор. Апелација не се согласи со првостепената на Кривичен, па ја продолжи затворската казна за само една година. (алфа телевизија)
Be the first to write a comment.