СВР Битола поднесе кривична пријава против С.Ш.(21) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и ,,загрозување на безбедноста во сообраќајот“.
На 28.11.2022 на магистрален пат Битола – Ресен, пријавената под дејство на алкохол, управувајќи патничко возило, со возилото излетала од коловозот, при што совозачот починал од здобиените повреди, а таа се здобила со телесни повреди.
На 28.11.2022 во 23.55 часот во Полициската станица Ресен било пријавено дека на магистралниот пат Битола-Ресен, на место викано „Макази“, патничко возило „мазда“ со охридски регистарски ознаки, управувано од С.Ш.(21), излетало од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил В.М.(28) од с.Јанковец, ресенско, кој на пат кон Клиничката болница во Битола починал, а смрт констатирал лекар од болницата.
Be the first to write a comment.