Градските фаци шпекулираа, единствениот естраден магазин „Бекстејџ“ истражуваше – Дали Драган Темелков Џони и бившата на Кајмаковски, Кристина Димитриевска се новиот љубовен пар на македонската естрада?
Драган Темелков и Кристина во последно време се почесто заедно се појавуваат во јавност и се почесто споделуваат заеднички фотографии на социјалните мрежи. Тоа беше доволна причина да се појават чаршиските муабети, но и доволна причина единствениот естраден магазин „Бекстејџ“ да се пушти во акција и од прва рака да ги дознае сите детали.
Иако Драган е човек кој ретко зборува за своите емоции и својот љубовен живот го чува далеку од очите на јавноста, овој пат не успеа да избега од камерата на Бекстејџ. Не успеа ни Кристина. Ги уловија заедно во позната скопска дискотека, а еве што тие кажаа:
Кристина очигледно ги исполнува сите „критериуми“ на пејачот, иако никој не може да потврди дека меѓу нив има нешто повеќе од само обично пријателство и другарска дружба…
Што мислите вие?
Be the first to write a comment.