Малолетното девојче, кое заврши на Ургентен центар откако го удри струја на железничка станица во Маџари, има тешки изгореници по целото тело, но е надвор од животна опасност, потврдија болнички извори за ТВ Сител.

Девојчето било во свесна состојба и на истражните органи самото им потврдило дека до несреќата дошло откако се обидело да сними видео за социјалната мрежа Тик-ток, качувајќи се притоа на вагон под висок напон на железничката станица.

Таканаречените „предизвици“ на социјалната мрежа Тик-ток, која е особено популарна меѓу помладите корисници, претставуваат голема опасност и досега имаат однесено повеќе жртви.

Психолозите предупредуваат родителите да обрнат вниманиа што читаат и што објавуваат нивните деца на оваа социјална мрежа.