Кристијано Роналдо во моментов е без клуб, додека тој настапува на Светското првенство, неговиот агент Жорж Мендеш му бара нова средина, а тој добил насоки од фудбалерот каде сака да игра.
Кристијано Роналдо не сака да продолжи во Саудиска Арабија иако Саудијците му нудат неверојатни суми. Тоа е фудбалски неатрактивна земја за Португалецот и тој нема намера да игра таму без разлика на парите.
Приоритет на Роналдо е клуб од Европа кој настапува во Лигата на шампионите. И покрај годините, Португалецот смета дека сè уште може да игра фудбал на највисоко ниво, па сака да остане на континентот и да ги подобрува своите рекорди.
Роналдо ако треба и до 31. јануари ќе чека да пронајде нов клуб, а ако Мендеш не успее да му договори трансфер во Европа, следната дестинација за Португалецот ќе биде САД.
МЛС е резервната варијанта за Роналдо, а таму интерес има од клубот на Дејвид Бекам, Интер Мајами.
И додека невработениот Роналдо бара работа, на социјалните мрежи се појави една навистина интересна фотографија.
-Роналдо после две недели поминати во Бугарија, гласи описот на фотографијата објавена на ФБ страната Squatting Slavs In Tracksuits.
Во еден од подосетливите коментари се вели:
– Совршен тајминг. И тој сега е невработен. Ќе се вклопи точно…
Be the first to write a comment.