Американскиот актер беше наратор на церемонијата на отворањето на Светското првенство.
Голем аплауз за „изненадувањето“ на церемонијата – американскиот актер Морган Фримен беше во центарот на стадионот Ал Бајт, за отворањето на Светското првенство во Катар 2022. Фримен накратко разговараше со многу млад актер со хендикеп, при што публиката молчеше, слушаше, а стотици мали светла беа запалени на трибините.
Морган Фримен седи до младиот човек и во неговиот дијалог се изговараат важни фрази како „Со взаемна почит можеме да живееме заедно“ и „Со толеранција и почит можеме да живееме под еден покрив“. Инклузијата е главната тема на воведното шоу.
Експлозивна беше и кореографијата – Катар – неговото минато и неговите традиции преплетени со сегашноста. На сцената беа и развиорените знамиња на сите 32 учесници, како и маскотите на сите изданија од светските првенства.
Зошто Фримен носеше ракавица?
Но, оние кои беа на терен и оние кои ја видоа церемонијата од својот екран, забележаа дека американскиот актер носи ракавица на левата рака.
Марка објаснува зошто актерот со години го носи овој додаток на јавни настани.
Причината е сообраќајната несреќа што ја доживеа Фримен во Мисисипи во 2008 година, кога неговиот автомобил се преврте и актерот беше тешко повреден. Тој дури мораше да оди на операција на нервот на левата рака, поради што беше делумно парализиран.
Фримен во 2010 година за магазинот „Пипл“ објасни дека сè уште има проблеми со рацете: „Не можам да го мрднам прстот и ако не го поместите, отекува“.
ДОлгата тесна ракавица само му помага да ја задржи крвта да тече до неговата рака, иако не мора да ја носи постојано.
Be the first to write a comment.