Еквадор го отвори мундијалот на најдобар можен начин и стана првата селекција во историјата која победила домаќин на стартот на едно Светско првенство, епилог кој секако предзивика големо разочарување кај домашните навивачи.

Селекцијата од Јужна Америка постигна два гола во првото полувреме преку Енер Валенсија, но на капитенот му беше поништен и еден гол во контроверзни услови.

По неполни 300 секунди игра, напаѓачот на Еквадор стрелаше по една голема мешаница во шеснаесетникот на Катар, но голот беше поништен поради офсајд кој многумина воопшто не го сфатија.

Тоа беше посебно така за навивачите кои беа на трибините, а еден од Еквадор им „покажуваше пари“ на домашните навивачи, а еден беше навистина испровоциран.

Фанот на Еквадор алудираше на тоа дека судиите се поткупени, па ситуацијата донесе и мала тензија на трибините на стадионот „Ал Бајт“.