Карим Бензема ја обнови повредата на бутниот мускул, првичните прогнози велат дека напаѓачот нема да може да настапи на мундијалот во Катар.
Шок за Франција пред стартот на Светсткото првенство, Карим Бензема ја обнови повредата на бутниот мускул.
Напаѓачот, денеска за прв пат почна да тренира со полна пареа, но за кратко време мораше да се повлече.
Доцна вечерва му биле направени тестови во клиника во Доха и првичните прогнози велат дека Карим Бензема нема да може да настапи на мундијалот во Катар.
Ова е сериозен проблем за Дидје Дешам, кој поради повреди загуби неколку клучни играчи како Пол Погба, Нголо Канте, Преснел Кимпембе и Кристофер Нкунку.
Be the first to write a comment.