Еден од најдобрите светски фудбалери, Кристијано Роналдо вечерва во ексклузивно интервју во шоуто на познатиот водител Пирс Морган го шокираше светот.
Во дел од своите најглавни пораки, кои очигледно значат крај на љубовта меѓу Јунајтед и Роналдо, Португалецот вели:
– Се чувствувам предаден од Манчестер Јунајтед, вели Роналдо во ексклузивното интервју.
– Манчестер Јунајтед се обиде да ме исфрли. Не само менаџерот, туку и другите момци кои се околу клубот. Се чувствував изневерено. Чувствувам дека некои луѓе не ме сакаа во Манчестер Јунајтед, не само оваа година туку и минатата сезона. Немам почит кон Ерик тен Хаг бидејќи тој не покажува почит кон мене, едноставно е, вели Роналдо.
Be the first to write a comment.