Попладнево во тажна и траорна атмосфера се случи првиот погреб на жртва од железничката несреќа во Темпи, на 34-годишната Атина Кацара.

Младата мајка на двегодишно дете, која со сопругот била во кобниот воз, синоќа е идентификувана и денеска е погребана во родниот град пред ожалостените роднини и пријатели. Нејзиното тело пристигна во раните попладневни часови во светата црква Аја Ана во бел запечатен ковчег.

Се слушаа лелеците на мајката на младата Атина, која викаше дека сака да види што има внатре во ковчегот.

– Тоа не може да биде моето дете, тоа е неправедно, лелекаше мајката. До неа беа блиски роднини на загинатата Атина, нејзиниот татко, сестра и брат, нејзините дедо и баба.

Во црквата имало и лица од Црвениот крст, кои биле побарани од семејството, со цел да придонесат за секоја вонредна состојба која може да се појави.

Атина и нејзиниот сопруг биле во третиот вагон од фаталниот воз. Според очевидци, Атина го напуштила своето место за да земе кафе од мензата во вториот вагон од возот, кој бил зафатен од пламен и се претворил во безоблична маса од железо откако двата воза силно се судриле. Сопругот на Атина е хоспитализиран во болницата во Лариса.

На погребот присуствуваа спортисти и членови на спортскиот клуб „Пиерикос“, чии бои ги брани, нејзиниот помал брат како фудбалер.

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸