На 11.11.2022 во 16.15 часот во Полициска станица Центар К.Ј.(44) од Скопје пријавил дека во Градскиот парк во Скопје во близина на угостителски објект бил каснат од куче скитник.

На 11.11.2022 во 16.30 часот во Полициска станица Чаир Ј.П.(46) од Скопје пријавила дека нејзиниот малолетен син на ул. Радишанска бил каснат од куче скитник.

Ова е останатиот извадок на дел од дневните настани

На 10.11.2022 во 13,30 часот во СВР Битола, било пријавено дека во атар на с. Старавина, битолско, биле пронајдени 837 стари неексплодирани бомби кои потекнувале од Првата светска војна. Пронајдените експлозивни направи биле подигнати од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување за понатамошно постапување.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.А. (54) од Тетово поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“. Полициски службеници при контрола на комбе „мерцедес“, управувано од пријавениот констатирале дека истиот врши јавен превоз на патници без лиценца.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (11.11.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 180 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволеното 14 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, oсум санкции за управување под дејство на алкохол. Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, три санкции за возач почетник, осум мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), една санкција за некористење сигурносен појас…

На 09.11.2022 во 11,45 часот на ул. Благоја Стефковски во Скопје, товарно моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Н.(19) од с. Арачиново, скопско удрило во С.М.(85) од Скопје. По несреќата С.М. е пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде од лекар и биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

На 11.11.2022 во 08,40 часот во Полициска станица Битола А.Ф.(72) од Битола пријавил дека неговата малолетна внука на бул. 1-ви Мај во Битола била касната од куче скитник.